436
Белгиската полиција спречила маж кој се обидувал да се самозапали пред зградата на Европската Комисија синоќа во Брисел.
Според полициски извори станува збор за Хрват кој “сакал да го привлече вниманието на Емануел Макрон“, францускиот претседател, на неговите семејни проблеми.
Во зградата на Европската Комисија нема шефови на држави и влади и ниеден европски лидер моментално не престојува во Брисел.
Хрватот се полил со бензин пред да се запали, но полицијата на време го испрскала со вода и го спречила пред да го уапси и однесе во болница.
Нема информации за сега за неговата здравствена состојба.