Хрват кој престојувал во Тетово ја „пречекал“ полицијата со кокаин на маса, уапсени три лица

by fokus

40-годишен државјанин на Хрватска, кој престојувал во Тетово, е уапсен откако во неговиот дом е пронајден кокаин. Со него се уапсени уште две лица, едниот од Тетово, а другиот од Гостивар, кој се нашле во станот на Хрватот за време на претресот.

„На 05.06.2019 година во 15.20 часот на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници извршиле претрес во просториите во кои престојувал П.Ц.(40) од Загреб, Република Хрватска, a со него биле затекнати и С.И.(25) од Тетово и Н.З.(28) од с.Вруток, гостиварско. Притоа, на една од масите била пронајдена една најлонска кеса со кокаин, едно пластично шише од 0,5 литри со непозната течност и други предмети со остатоци од кокаин. Лицата биле лишени од слобода и приведени во СВР Тетово, а по целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од полицијата.

Поврзани новости