Хронично болните од понеделник се враќаат на работа. Ваква одлука попладнево донесе Владата и покрај барањата со кои денеска излегоа Здруженијата на пациенти.
Министерот за здравство, Венко Филипче во изјава за Сител ја потврди одлуката и порача дека нема простор за страв и паника кај сите пациенти со хронични заболувања.
-Донесена е одлука за враќање на работа на сите лица кои имаат хронични заболувања, коишто до сега беа ослободени од работа, постои начин да бидат и понатаму ослободени лицата кои навистина треба да останат дома. Лекарите специјалисти ќе имаат можност да даваат боледување кое ќе биде подолго од тоа што беше до сега временски лимит, може да трае и неколку месеци дури има опција и на неопределено време, рече Филипче.
Од Министерството за здравство попладнево сооптија дека Филипче утре ќе се сретне