Христијан Пендиков утре ќе добие бугарско државјанство

by Fokus

На свечена церемонија во Бугарија, утре ќе му биде врачено бугарско државјанство на охриѓанецот Христијан Пендиков, пишуваат бугарските медиуми.

Според информациите, документите ќе му ги врачи потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, која го потпиша указот за стекнување бугарско државјанство врз основа на неговото бугарско потекло.

Најавите се дека церемонијата ќе се одржи во т.н. Гербова сала во Претседателството на Бугарија. Во оваа сала се одржуваат најважните средби, се потпишуваат меѓудржавни договори и се доделуваат награди и одликувања.

Од кабинетот на Јотова информираат дека церемонијата ќе се одржи во 14.30 часот.

Поврзани новости