Раперот Марко Маринковиќ познат како Слаткар, пред неколку дена објави нова песна насловена како „Отворено писмо“. Композиција кој има политичка тематика и која наиде на разни коментари од македонската јавност.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во синоќешното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, посочи дека секој граѓанин имам право на сопствен начин да се произнесе на некои прашања од општеството.
„Има одговор на ова. Не знам дали таа песна сте ја чуле. Бизи се вика човекот кој направи контра-песна на оваа и се вика „Затворено писмо“. Тоа е начин на којшто уметниците го доживуваат сето тоа што нас ни се случува. Сосема легитимно е секој да се прознесе на свој начин. Секој во оваа држава има право да се произнесе по секое прашање онака како што мисли. Тоа е убавината на демократијата“, додаде Мицкоски.