Христијан Мицкоски прифати уставни измени, велат од СДСМ

by Fokus

„СДСМ нема намера да ги објаснува изјавите на Христијан Мицкоски со кои прифати уставни измени“, велат од СДСМ.

„Целата македонска јавност, преку медиумите, го слушна Мицкоски и променетиот став на неговата партија.

Прифаќањето на уставните измени и промената на ставот на ДПМНЕ се добра основа дијалогот за уставни измени да продолжи.

Членството во ЕУ е стратешка цел на државата, врвен приоритет на генерации македонски граѓани и оттаму, обврска на сите политички субјекти е да се реализира таа национална и стратешка цел“, се додава во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости