Обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето во Непал: Најмалку 11 лица загинаа, се трага по уште осум

by Fokus

Најмалку 11 лица загинаа во лизгање на земјиштето и поројни поплави по обилните дождови во Непал во последните 36 часа. Во болниците има 12 повредени, а осум лица се водат како исчезнати. Клучните автопатишта се блокирани, а спасувачите се обидуваат да ги одблокираат патиштата, изјави портпаролот на непалската полиција Дан Бахадур Карки, а пренесе Ројтерс.

Тој изјави дека на југоисточниот дел на Непал, реката Коши, која речиси секоја година предизвикува смртоносни поплави во источната индиска држава Бихар, достигнува опасни нивоа на вода.

- Advertisements -

Карки додаде дека населението долж течението на реката Коши е предупредено за можни поплави, како и пораст на водостојот на реките Нарајани, Рапти и Махакали на западот од земјата.

Поврзани новости