Почеток на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“

by Fokus

Во Скопје денеска официјално ќе биде означен почетокот на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, чија цел е зајакнување на владеењето на
правото во Република Северна Македонија.

На настанот, тимот на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ ќе информира за активностите и целите на проектот, за соработката со институциите во земјава, техниките за подобрување на човечките капацитети во рамки на главните корисници, како и поддршката на ЕУ за владеење на правото.

Најавено е обраќање на амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за правда Кренар Лога, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, како и претставници на Лудвиг Болцман Геселшафт – Институтот за основни и човекови права (LBI-GMR) и Центарот за меѓународна правна соработка (CILC). Во улога на фасилитатор ќе биде Дитер Шиндлауер, тим лидер на проектот.

Проектот е дизајниран да ги поддржи релевантните институции кои работат на полето на правдата, организиран криминал, борба против корупција и промоција и заштитата на основни и човекови права за подобрување на нивните капацитети, ефективност и влијание.

Проектот е целосно финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Лудвиг Болцман Геселшафт – Институтот за основни и човекови права (LBI-GMR), Министерството за внатрешни работи на Република Словенија, Министерството за правда и јавна администрација на Република Хрватска и Центарот за меѓународна правна соработка (CILC).

Времетраењето на проектот е 36 месеци со предвидено продолжување за дополнителни шест месеци со буџет од 10,25 милиони евра.

Поврзани новости