Храната во „Седмица“ е микробилошки исправна, утврди Центарот за јавно здравје

by fokus

По направените испитувања на примероците од храна и брисеви од работни површини и вработени, констатирано е дека храната во сендвичарницата „Седмица“ ги задоволува сите стандарди и прописи за микробиолошка исправност, велат од скопската сендвичарница.

„Сакаме да Ве известиме и воедно да Ви се извиниме за четиридневниот молк од наша страна за настанатата ситуација. Поради сензитивноста на работата и ситуацијата сметавме дека е најдобро да Ве информираме кога официјално ќе се добијат резулатите од ЈЗУ Центар за јавно здравје и Државниот санитарен инспекторат. Бевме обвинети со претпоставка за труење со храна и веднаш медиумски нападнати во една потполно непозната ситуација за нас, во тек на нашето 30-годишно беспрекорно работење. Ве известуваме дека по направените испитувања на примероците од храна и брисеви од работни површини и вработени, констатирано е дека храната ги задоволува сите стандарди и прописи за микробиолошка исправност. Сакаме и да им се извиниме на сите наши потрошувачи кои се пријавиле со стомачни потешкотии и имале конзумирано наша храна, меѓутоа не може да го занемариме и фактот дека сѐ ова се случува во денови на голема епидемија на стомачен вирус“, велат од таму.

Поради превентивна мерка Државниот санитарен инспекторат издаде решение за привремено затворање на објектот. Од „Седмица“ очекуваат сендвичарницата наскоро да биде отворена.

Поврзани новости