Хоти: Договорот за економска соработка е чекор до конечен договор со Србија

by Фокус

Косовскиот премиер Авдулах Хоти, по потпишувањето на  договорот со Белград за економска соработка во Вашингтон, изјави дека за него тоа е првиот чекор кон конечен договор.

-Мислам дека е голем ден, многу важен за Косово и регионот. Овој договор се однесува на нормализирање на економските односи меѓу двете земји и поддршка на големи инфраструктурни проекти кои подобро ги поврзуваат двете економии, што создава подобар пристап до регионот и Европа.  Тоа е договор за економска соработка за нормализирање на економските односи меѓу земјите, но јас го гледам тоа и сите заедно го гледаме како голем чекор во приближувањето кон конечниот договор, кој ќе значи и меѓусебно признавање – рече Хоти за Гласот на Америка.

Поврзани новости