Хотелски работник добил отказ, па запалил четири автомобили, а оштетил уште 17

by Fokus

Екс вработен во хотелот „Сиклауз“ на германскиот остров Узедом запалил четири автомобили и оштетил уште 17 возила пред тој објект, објави денеска „Билд“.

Според информациите, откако бил отпуштен од хотелот, 29-годишникот барал последната плата да му биде исплатена во готово бидејќи нема жиро сметка и им се заканувал на вработените.

Штетата била проценета на околу 120.000 евра, а полицијата го уапсила насилникот на блиската железничка станица.

Според германските медиуми, човекот бил отпуштен на крајот на декември бидејќи „не се вклопувал во тимот“ и наводно „се однесувал негативно во општеството“.

 

Поврзани новости