377
16-годишно девојче било пренесено на Клинички центар вчера откако било удрено од автомобил на булеварот „Александар Македонски“.
„На 18.08.2018 година околу 12.00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булевар „Александар Македонски“ патничко моторно возило „Фиат Браво“ со прилепски регистерски ознаки управувано од И.К.(62) од Прилеп удрило во 16 годишно женско лице од село Миравци, гевгелиско, кое со возило на Итна медицинска помош било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.“