Хоспитализирани три нови лица на Клиниката за инфективни болести

by fokus

Нови три лица од гостиварско село се хоспитализирани во Клиниката за инфективни болести, изјави денеска заменик-министерот за здравство, Гоце Чакаровски.

Тие ги имаат истите симптоми, односно висока температура, пролив и повраќање, како и четворицата кои претходно без хоспитализирани на Инфективна. Лицата се со полесна клиничка слика и се засега надвор од животна опасност.

Во меѓувреме се уште се чекаат резултатите од анализите за утврдување на причината за смртта на двете лица од гостиварското село Симница кои починаа на Клиниката за инфективни болести откако биле донесени во тешка здравствена состојба.

Поврзани новости