Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1585 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.
Од Министерството за здравство информираат, дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород и дека Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што вкупно 661 лицe сомнителнo и потврденo за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град, додека на Интерните и хируршки клиники имало 22 приеми.
– Во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември имало десет примени пациенти и осум билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле билe примени три нови болни, а двајца пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени двајца пациенти, се вели во соопштението од МЗ.
Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 272 пациенти, а во изминатите 24 часа дома се пуштени 56 оздравени пациенти.
– Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, стои во соопштението од МЗ.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 129 пациенти, во болницата во Штип се хоспитализирани 81 пациент, на инфективното одделение во Тетово има 38 пациенти, во Велес се лекуваат 92 болни, а во Куманово 101 пациент позитивен и суспектен на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 99 во ковид центарот во Гостивар 36, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 101 пациенти, во Кочани 29 во Кичево 30, Кавадарци 56, а во Гевгелија 18 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
Од МЗ, инофрмираат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка