Хоспитализирани нови 43 пациенти во ковид центрите во Скопје

by Fokus

Нови 43 пациенти се хоспитализирани изминативе 24 часа во ковид центрите во Скопје, поради компликации од коронавирусот. Вкупно 252 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие на интерните клиники имало 22 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 9 во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравен пациент.

-Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 23 пациент со симптоми на корона вирусот. Ковид центрите на Клиниката за нефрологија и на Клиниката за Гастроентерохепатологија се затворени од денес, соопштија од Министерството.

Оттаму информираат дека во ГОБ 8 Септември има вкупно 81 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 83 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 20 пациенти. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Поврзани новости