713
Штипската модуларна болница се полни со тешки пациенти заразени со делта сојот на корона вирусот. Слободни места има само за уште двајца пациенти.
Началничката на Инфективното одделение и на ковид центарот, Дијана Гајдарџиска-Шишикова за МИА вели дека денеска имаат 45 пациенти во модуларната болница, а пред неколку дена во функција е ставено и Кожното одделение, каде се хоспитализираат пациентите, кои веќе се стабилни по третманот во модуларната болница.