Не стивнуваат бројните реакции во јавноста за изведбата на „Абре Македонче“ каде во добро познатиот текст клетите фашисти станаа душмани клети, во изведбата на хорот на вчерашната прослава за „11 Октомври“ во Куманово.
Прв кој јавно реагираше и тоа веднаш, на самата свеченост, е кумановскиот градоначалник, кој вели дека.
-Нека разберат клетите фашисти македонско име нема да загине, така ја учевме ние оваа песна на нашите претци на кои денес им се поклонуваме, беше ироничен тој по изведбата на хорот.
Вчерашната верзија се разликува од оригиналната, која е дело на Коле Чашуле, Крсте Црвенковски и Ордан Михајлоски Оцка. Двајца од нив, Чашуле и Црвенковски првоборци од Прилеп токму на 11-ти октомври 1941-та.
Вчерашната верзија се разликува од оригиналната, која е дело на Коле Чашуле, Крсте Црвенковски и Ордан Михајлоски Оцка. Двајца од нив, Чашуле и Црвенковски првоборци од Прилеп токму на 11-ти октомври 1941-та.
Токму на 11-ти октомври, 81 година подоцна власта почит кон нив изрази на начин што емитуваше променета верзија од нивната патриотска песна. На прашањато зошто се емитувала ваква верзија на песната, од Владата демантираат дека имало политички притисоци за промена на песната, велат користеле променета верзија на аранжманот.
-На настанот е користен автентичен аранжман чија хармонизација е правена од Драган Шуплевски, потврдена од Национална опера и балет и Сојуз на композитори. Хармонизација на аранжманот според нашите сознанија е правен во доцните седумдесетти односно рани осумдесетти, велат од Владата за медиумите.
Вчера во Куманово пред Спомен костурницата на централната прослава на 11-ти октомври, хорот наместо „клетите фашисти“ го испеа стихот „душманите клети“.
Оваа нова верзија на „А бре, Македонче“ доаѓа на само два месеци откако беше промената песната „Во борба“.
Хорот на МОБ изостави цела строфа од револуционерната македонска песна „Во борба, македонски народе”, отпеана за време на отворањето на прославата за Илинден во Крушево.
Изоставена беше строфата во која се пее за смелите партизани, кои се борат под знамето на Гоце Делчев.
Излеговме ние смели партизани,
над нас на Гоце знамето се вее, во гори,
полја и на сите страни,
фашистичка крв насекаде се лее
-Во борба, во борба, во борба, македонски народе. За света народна слобода со песни и радост се мрее. Синови сме на нашата татковина, на илинденските наследници, строиме живот, слобода, иднина, за жени, деца, старци, младинци.
Најдов две верзии на текстот:
I А бре, Македонче
А бре, Македонче, каде се спремаш?
Бојот те чека, бој за слобода.
Бој за слобода, за Македонија,
за Македонија, земја поробена.
Мажи накитени, жени наредени,
в борба ми одат, борба за слобода.
Нека разберат денешните тирани,
Македонско име нема да загине!
—–
II А бре Македонче
А бре Македонче, леле, каде се спремаш?
Борба те чека, борба за слобода.
Борба за слобода, за Македонија,
за Македонија, земја поробена.
Момци наредени, моми накитени,
борба ќе одат, борба за слобода.
Борба за слобода, за Македонија,
за Македонија, земја поробена.
Нека разберат крвави/клетите фашисти,
Македонско име нема да загине!