Хороскопски знаци на кои ретроградниот Меркур им носи среќа во љубовта

by Fokus

Еден од најважните астролошки феномени овој месец, ретроградниот Меркур, започна на 9 септември и ќе трае до 2 октомври. Во тој период тоа ќе влијае на сите знаци, но на некои многу поинтензивно бидејќи Меркур е нивната владејачка планета, особено во сферата на љубовта и партнерските односи.

Бик

Ретроградниот Меркур ќе ја активира вашата куќа на секс и романса. Големи се шансите во вашиот живот да се појави некој што многу го сакавте во минатото. Ќе сфатите дека чувствата не исчезнале и дека меѓу вас сè уште постои страст. Настрана од оваа љубовна авантура, можеби ќе сакате да излезете од вашата комфорна зона и да пробате некои нови работи, вклучително и во кревет.

Близнаци

Меркур е владејачката планета на Близнаците, па следните неколку недели многу повеќе од другите ќе влијаат на овој знак, особено на полето на романтиката. Сега ќе можете отворено да ги признаете своите чувства и да покажете дека се грижите, а потоа да дозволите работите да тргнат по својот тек. Не брзајте да се обврзете, забавувајте се додека трае.

Девица

Бидејќи со овој знак владее Меркур, ретроградниот период ќе биде многу поволен за Девиците. Оние кои се во врска ќе размислуваат дали има нешто во врската со партнерот што би сакале да го подобрат, да го подигнат на повисоко ниво. Оние кои се сингл ќе се осмелат да го направат првиот чекор со личноста која им се допаѓа. Искористете ја практичната енергија на Меркур и направете листа на љубовни желби, тие ќе се остварат!

Водолија

Ако некому му е судено да се забавува во овој период, тоа сте вие! Ретроградниот Меркур ја активира вашата осма куќа на сексот, давајќи ви многу можности да одите во авантури со вашиот партнер. Не плашете се да го преземете водството и да му покажете на партнерот што точно сакате во кревет. Бидете доминантни, ќе му се допадне, а тоа ќе ви отвори нов свет кој сигурно ќе ви се допадне и вам.”

Поврзани новости