Полицијата и жупаниското обвинителство во Тузла денеска потврдија тројно убиство и самоубиство во едно семејство и информираа дека веројатниот сторител е мажот кој ги убил сопругата и своите две деца.
Портпаролот на обвинителството во Тузла, Адмир Арнаутовиќ изјави дека е потврдена поврзаноста меѓу самоубиството на мажот кој во неделата вечерта скокнал од балкон на станбена зграда во населбата Ступине и една жена и две деца чии безживотни тела биле откриени дури во понеделникот во стан кој го користи истото семејство.
„Сопругот и таткото на децата се самоуби скокајќи од зграда во истата населба. Во моментов се утврдуваат сите околности поврзани со овие настани“, рече Арнаутовиќ.
Обвинителството не го соопшти идентитетот на убиените но тамошните медиуми објавија дека се работи за Мујага Чикушиќ. Тој, наводно, по професија е медицински техничар.
Во моментот на смртта бил вработен во Клиничкиот центар во Тузла, а неодамна се вратил во Босна и Херцеговина од привремена работа во Германија.
Во неделата вечерта тој се самоуби скокајќи од 14-ти кат на облакодер, откако, како што се претпоставува, ги убил сопругата и малолетните деца.