717
Ривалството помеѓу навивачите некогаш оди предалеку, а синоќа по полноќ убиен е 19-годишен фан на Арис, Алкис Камбанос во Грција.
Според грчките медиуми, Камбанос се шетал со своите пријатели во делот од градот каде има повеќе навивачи на Арис и им пришле два автомобили. Пред да го нападнат, лицата од автомобилите го прашале за кого навива, а потоа излегле од колата и со срп го убиле.