Хорор во Приштина, сопруг ја изрешетал трудната жена која денеска требало да се породи

by Fokus

Во дворот на Клиничкиот универзитетски центар, пред Гинеколошката клиника во Приштина, синоќа е убиена жена во деветтиот месец од бременоста.

Информациите говорат дека жртвата била на 35-годишна возраст и во 41 седмица од бременоста, а сите сомнежи се насочени кон нејзиниот сопруг.

Според очевидци, жената накратко се упатила до продавница, кога мажот ѝ пришол и ја застрелал. Иако веднаш паднала на земја, мажот продолжил да пука во нејзиното тело.

Поврзани новости