Хорор во Лондон – момче (14) избодено до смрт во автобус

by Fokus

14-годишно момче е избодено до смрт во автобус во Лондон, соопшти полицијата.

Жртвата беше убиена во автобусот 472 на Вулвич чрч Роуд во Вулвич, југоисточен Лондон, денеска попладнево.

Момчето починало на местото на настанот набргу откако пристигнале болничарите од лондонската брза помош и авионската брза помош, додаде Метрополитен полицијата.

Засега никој не е уапсен, но полицискиот кордон се уште е на местото.

Поврзани новости