95
Тринаесет лица загинаа во денешниот пожар во хостел во најголемиот град во Казахстан, Алмати, соопшти градското одделение за итни случаи.
Пожарот избувнал рано утринава во трикатница во која на приземје и подрум престојувале 72 гости.
Жртвите починале од труење со јаглерод моноксид, додека останатите 59 лица успеале да ја напуштат зградата. Според градоначалникот на Алмати, три лица се префрлени во болница.
Причината за пожарот се уште не е позната, објави Ројтерс.