Хорор во Газа: Болницата остана без гориво, починало бебе во инкубатор и млад човек на интензивна

by fokus

Најголемата болница во Појасот Газа, Ал Шифа, остана без гориво, соопшти портпаролот на палестинското Министерство за здравство.

-Како резултат на тоа, едно новороденче почина во инкубаторот, каде што има уште 45 бебиња, додаде портпаролот.

Министерот за здравство претходно соопшти дека болницата ја прекинала работата.

И оваа болница остана без вода, а недостига и храна.

Организацијата „Лекари без граници“ денеска објави, по дојавата за силно бомбардирање во близина на медицинскиот комплекс Ал-Шифа во Појасот Газа, дека изгубила контакт со персоналот ангажиран во таа здравствена установа.

Ал Џезира разговараше со Мухамед Абу Салмија, директор на болницата Ал-Шифа.

-Се што можам да кажам е дека почнавме да губиме животи. Од минута во минута умираат пациенти, умираат и жртви и ранети – дури и бебиња во инкубатори. Изгубивме бебе во инкубатор, изгубивме и млад човек на интензивна нега, изјави директорот на болницата.

-Просторот околу болницата е ограден, а мета се болничките згради. Секој човек што се движи во комплексот е цел. Израелските окупациски сили се надвор и го оневозможуваат никого да се движи. Еден член на медицинскиот тим кој се обидел да стигне до инкубаторот за да им подаде рака на бебињата родени во него бил застрелан и убиен, рече тој.

Тој повтори дека болницата останала без струја и медицински материјали.

„Целосно сме отсечени од целиот свет, минути не делат од непосредна смрт. Заглавени сме, испраќаме многу СОС на целиот свет – нема одговор, нема одговор“.

Исто така, Ашраф Ал-Кудра, портпарол на Министерството за здравство во Газа, издаде ново соопштение во кое се наведува дека раселените лица, ранетите и медицинскиот персонал во медицинскиот комплекс Ал-Шифа страдаат од недостаток на храна и вода.

Ситуацијата се влошува со прекинот на струја, а стравот се шири поради жестокото пукање на израелските сили.

Поврзани новости