Тело на дете без глава е пронајдено рано утринава на плажа во источна Шпанија.
Остатоците, за кои се верува дека се на дете на возраст меѓу две и три години, се пронајдени на плажа во одморалиштето Коста Дорада Рода де Бера во провинцијата Тарагона на источниот брег.
Грозоморната сцена ја открила чистачка која веднаш ги известила своите шефови кои потоа повикале полиција. Локалните медиуми јавуваат дека освен главата, недостасуваат и други делови од телото.
Властите ја отфрлија можноста дека детето се удавило на плажа.
Припадниците на Цивилната гарда ја опколија областа и ги преместуваат мештаните и туристите во други области пред истражниот судија да одобри отстранување на телото.
Corpo de criança encontrado numa praia sem cabeça | Notícias de Coimbra – https://t.co/f5t4Iq4CK4 #NoticiasdeCoimbra O corpo de uma criança, com cerca de 2 anos, apareceu na praia da Costa Dorada, na Catalunha, em Espanha. O alerta foi dado por um funcionário, que limpava a p… pic.twitter.com/21hSY7zsX8
— NOTÍCIAS DE COIMBRA (@noticiascoimbra) July 11, 2023
Градоначалникот Пере Вирџили наведува дека детето би можело да е од брод со бегалци кој неодамна се превртел во Средоземното Море.
– Ве информираме дека утрово на брегот на плажата Коста Дорада е пронајдено тело на дете. Областа е опколена, а службениците чекаат судија да одобри отстранување на телото. Ја замолуваме јавноста да ја избегнува областа – соопшти градскиот совет на социјалните мрежи.