Хорор на автопат: 15 лица загинаа во судар на камион и автобус

by Fokus

Во тешка сообраќајна несреќа во судир на камион и автобус најмалку 15 лица го загубиле животот, а 23 се повредени, соопштија властите.

Најмалку 15 лица загинаа, а други 23 се повредени во судир на товарен камион и патнички автобус во Брегот на Слоновата Коска, соопштија властите.

Две возила се судрија во Понан-Оуинлу, село на западот на земјата, соопшти Националната канцеларија за цивилна заштита во објава на Фејсбук, без да даде никакви детали за причината, пренесува Асошиетед прес.

Во патничкиот автобус се превезувале 70 лица. На фотографиите од местото на настанот објавени од итната помош се гледа оштетен автобус, чиј покрив целосно се урнал.

Канцеларијата за цивилна заштита нареди да се упатат пожарникари на местото на настанот за лекување на настраданите.

Несреќите се чести во оваа западноафриканска земја поради дотраените патишта и опасното возење, при што годишно умираат повеќе од 1.000 луѓе, соопшти Министерството за транспорт.

Минатиот месец, 26 лица загинаа, а најмалку 28 беа повредени кога два минибуса се судрија и се запалија, јави АП.

 

Поврзани новости