Старо-новиот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, кој беше еден од ретките опозициски градоначалници пред победата на ВМРО-ДПМНЕ на последните локални избори уште минатата година тврдеше дека Тетово, град којшто има само 2.000 жители повеќе од Гостивар, има општинска администрација од 580 луѓе, додека во Гостивар има околу 170-180 луѓе, вработени во општината.
Овие негови тврдења со документација ги потврди новоизбраниот градоначалник на Тетово, Биљал Касами од БЕСА, кој ја наследи Теута Арифи од ДУИ.
Општина Тетово го објави списокот на лицата кои добивале хонорар од општината, односно биле склучени 811 договори за дело со 544 лица. Општинските служби утврдиле дека 244 лица не испратиле извештај за сработеното, како што било предвиидено во договорите, и ќе мора да ги вратат парите.
Овие договори на дело коишто ги склучувала Арифи, го оштетиле општинскиот буџет за над 7 милиони евра.
Според информациите на Фокус, општина Тетово минатата година имала вкупно 833 вработени, а од нив 544 биле со договор на дело. Според Секторот за човечки ресурси, моментално во општинската администрација има вработено 351 лице.
Од општината најавуваат дека сите договори на дело склучени од ова општинско раководство ќе бидат објавувани на официјалната веб-страница на општината.
Опозициската албанска партија, Алијанса за Албанците обвини дека на списокот на хонорарци се семејство на музичари, сопственици на портали, поранешни партиски функционери на ДУИ, пејачи, луѓе што со месеци живееле во странство, во Германија, а во Тетово примале хонорари.
Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.
Ф.Ф.С.