505
Претседателката на новинарскиот синдикат Тамара Чаусидис го прогласи протестот на хонорарците за завршен.
Учесниците на протестот против плаќање на придонеси за хонорарите ги спуштија транспарентите и се упатија кон УКИМ.
Целта е да им дадат поддршка на студентите, кои ги запоседнаа факултетите во знак на симболично ослободување по извршениот упад во автономијата на универзитетот од страна на владата.