524
Претседателот на Владата на Кралството Холандија Марк Руте попладнево пристигна во прва посета на Македонија. Тој е пречекан со највисоки државни почести. Во тек е средба во Владата со премиерот Зоран Заев.
Претходно, на скопскиот аеродром, Руте беше пречекан од заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров.
– Како земја што има стриктен пристап кон објективното вреднување на пристапните критериуми особено во однос на владеењето на правото, поддршката на Холандија што се изразува и преку оваа посета е потврда дека со посветеноста на европската реформска агенда, Северна Македонија е целосно подготвена за отворање на преговорите, се наведува во соопштението од СЕП.