716
Холандија смета дека Северна Македонија е подготвена за почеток на преговорите за влез во ЕУ, и покрај другите внатрешни размислувања во ЕУ, на кои Македонија не може да влијае, вели во холандскиот амбасадор во Македонија Дирк Јан Коп во изјава за САКАМДАКАЖАМ.МК.
-Токму затоа сме разочарани што Европскиот совет не успеа да го даде датумот. Сепак, нашата цел, и нашата порака, нашата намера и нашиот проект остануваат исти: да се приближи Северна Македонија се поблиску и поблиску до ЕУ и во извесен момент и да влезе во неа. Убеден сум дека тој момент не е премногу далеку. Ако ништо друго, ова времено одложување укажува дека треба да ги дуплираме напорите за да ја направиме Северна Македонија уште поподготвена – вели Јан Коп.