Холандскиот амбасадор: Северна Македонија треба да почне преговори, но не и Албанија

by fokus

Може да биде проблем доколку и натаму дел од членките на Европската Унија инсистираат Северна Македонија и Албанија да одат во пакет. Сметаме дека проценувањето треба да биде индивидуално и таа проценка ќе доведе во позиција во овој момент да видиме простор Северна Македонија да ги започне преговорите за членство, а не гледаме простор за Албанија. Ова е пристап базиран врз заслуги вели холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп во интервју за емисијата Трилинг на ТВ 24.

Според него, тоа што другите во Унијата имаат поинаков пристап и сакаат ова прашање да го третираат во пакет, повторно може да е проблем.

На прашањето кога реално може да започнат преговорите на ЕУ со Северна Македонија, холандскиот дипломат вели дека нивниот став е јасен и оти нивната позиција е заснована врз заслугите.

-Ние земјите ги проценуваме индивидуално и таа проценка не доведе во позиција во овој момент  да видиме простор Северна Македонија да ги започне преговорите за членство, а не гледаме простор за Албанија. Ова е пристап базиран врз заслуги. Тоа што другите во Унијата имаат поинакво пристап и сакаат ова  прашање да го третираат во пакет, повторно може да е проблем,  но се соочуваме со фактот дека ќе добиеме нов извештај од Комисијата,  до крајот на месецов веројатно, нови извештаи за двете земји, вели холандскиот амбасадор.

Дополнува дека би бил многу изненаден доколку нивната  проценка за Северна Македонија би се сменила.

-Сè уште мислам дека откако ќе го добиеме извештајот од Комисијата дека има простор земјава да ги започне преговорите, вели холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп.

Поврзани новости