Холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп денеска се сретна со претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, при што изрази задоволство што Судскиот совет е повторно правен субјект.
„Од големо значење и итност е да се започне со враќање на довербата на јавноста и меѓународната заедница во Судскиот совет. Г-ѓа Дамева даде преглед на начинот на кој на транспарентен начин ќе ги имплементира препораките на Мисијата за рецензија на ЕУ“ соопштија од холандската амбасада на Фејсбук.
Оттаму исто така наведуваат дека Холандија сега силно ќе размисли за рестартирање на проектот со Судскиот совет, кој беше суспендиран во мај минатата година.
Инаку, холандскиот амбасадор Коп е познат во јавноста по неговите критики до власта и пораки во однос на состојбата во државата.