325
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека изјавата на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп всушност била барање за поддршка од ДУИ, а не критика. Тој, средбата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и холандскиот амбасадор Коп во Мала Речица, ја оцени како срдечна.
„Веројатно ДУИ е еден од тие што најмногу зборуваат за бробата против кроупцијата, па се разбира дека ќе се бара и поддршка од страна на ДУИ“ рече Османи.
Коп на средбата со Ахмети му порача дека политичкото влијание врз судството е неприфатливо и дека „посветеноста на Македонија за членство во ЕУ е загрозена од постојаниот пад во владеењето на правото“.