71
Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека Планинарска спасителна служба од 13.40 до 15 часот вчера, имала спасителна акција на територија на Општина Охрид.
Извршено е извлекување на повредено лице од околината на с.Елшани, холандски турист, кое имало скршеница на нога и е предадено на екипа од Итната медицинска помош од Охрид.
Лицето е пренесено во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид на понатамошен третман.