173
Државјанин од Холандија денеска околу 12 часот се повредил во водите на Охридското Езеро.
Од ЦУК информираат дека преку бројот за итни случаи е добиена пријава за повредено лице кое со кајче се пренесува до пристаништето на хотелот „Александрија“ во Охрид.
Повреденото лице од Холандија кое удрило во камен во Охридско езеро е превземено од Итна медицинска помош е надвор од животна опасност и истото е пренесено во Општа болница во Охрид на одделот за хирургија, информираат оттаму.