602
Властите во Холандија денеска соопштија дека ќе поднесат жалба на судската одлука земјата да прифати неколку десетици деца и жени, кои се придружиле на џихадистичката група Исламска држава во Сирија.
Судот во Хаг соопшти вчера дека Владата мора активно да помогне за враќање на 56 деца кои живеат во лоши услови во сириските кампови.
Холандските министерства за надворешни работи и за правда соопштија дека ќе настојуваат да се смени судската одлука, за која сметаат дека ги нема земено предвид дипломатските разгледувања.