Холандија забрани носење бурки

by Fokus

Закон со кој се забранува носење бурка стапи во сила во Холандија откако парламентот во јуни донесе делумна забрана за носење на традиционалната исламска облека во јавните институции, како што се училишта, владини канцеларии и болници.

Законот важи за сите видови облека која го крие  лицете, тврди агенцијата  Анадолија.

Во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Холандија се вели дека од денес е забрането носење на сите „елементи“ што можат да го покријат лицето, вклучително и на платно, како и маски и шлемови, во јавни установи, училишта, државни и здравствени установи, во јавниот превоз.

На споменатите места каде што важи овој закон, службените лица ќе можат да побараат од жените што носат бурка да ја отстранат при влегување или излегување од зградата. Во случај на непочитување на овие одредби, постои можност полицијата да интервенира и да казнува.

Овој закон не ги опфаќа лицата кои мораат да го покриваат лицето заради работа, пациентите кои подолго престојуваат во болницата, како и нивните посетители и лицата кои користат маски за време на забави и други активности.

Муслиманите реагираат и сметаат дека  овој закон првенствено претставува забрана за носење бурка.

Според холандските медиуми, жените кои не ги исполнуваат правилата за забрана за носење бурка, ќе се соочат со парична казна од 150 евра.

Поврзани новости