Холандија ќе забрани употреба на мобилен телефон на велосипед

by fokus

Холандија планира да ја забрани употребата на мобилни телефони за време на возење велосипед. Казната за непочитување на оваа мерки изнесува до 95 евра.

Според информациите, забраната ќе стапи во сила на 1-јули а целта за на оваа мерка е да се смали бројот на велосипедски несреќи.

„Користењето на мобилни телефони за време на возење велосипед е многу опасно. На луѓето јасно ќе им ставиме до знаење дека ова е нов закон и ќе бидеме многу строги“, истакна министерот за правосудство, Фердинанд Граперхаус.

Во 2017 година во Холандија загинаа 207 веосипедисти, а стручњаците сметаат дека мобилните телефони се причина за секоја четврта велосипедска несреќа.

Поврзани новости