Холандија ќе им исплати по 5.000 евра на своите ветерани од Сребреница

by Fokus 10:00
10:00

Холандската Влада соопшти дека ќе им исплати по 5.000 евра на своите ветерани во Обединетите нации, кои не успеаја да го спречат злосторството во Сребреница во 1995 година, како „гест и знак на благодарност” за нивната служба во „ужасни околности”.

Исплатата, објавена од министерот за одбрана, е еден од владините одговори на студијата во која биле вклучени 850 војници од холандската мировна мисија.

- Advertisements -

Како што пренесуваат странските агенции, Холандија долго време се бореше со последиците од злосторствата во Сребреница, а владата на поранешниот премиер Вим Кок поднесе оставка во 2002 година, откако холандските власти остро го критикуваа испраќањето трупи во опасната зона без соодветно оружје и овластување за „заштита на околу 30.000 бегалци” кои избегаа во холандската база во источна Босна”.

Холандскиот Врховен суд пресуди дека Холандија е делумно „одговорна за смртта на околу 350 муслимани убиени од босанските Срби за време на злосторствата”.

Поврзани новости