Холандија ќе ги укине речиси сите ограничувања воведени поради Ковид-19

by Fokus

Холандија ќе ги укине речиси сите ограничувања против Ковид-19 до 25 февруари и ќе се врати во нормален живот бидејќи се намалува бројот на инфицирани и хоспитализирани лица, изјави денеска холандскиот министер за здравство, Ернст Куиперс.

Тој наведе дека „државата повторно ќе се отвори“.

– Ќе се вратиме на нормалното време што го имавме пред короната. Не мора повеќе да држите дистанца од 1,5 метри, посочи Куиперс.

Поврзани новости