Холандската влада објави дека на Украина ќе ѝ испрати 100 снајперски пушки и соодветна муниција, радарска опрема и детектори на мини, среде ескалацијата на конфронтациите во проруски региони на истокот од земјата и меѓусебните обвинувања за гранатирања и кршење на договорот за прекин на огнот од 2015 година.
Спроред министерот за надворешни работи Вопке Хоекстра, холандската воена помош ќе биде испратена на барање на украинската влада, којашто од западните американски сојузници испрати такво барање за зајакнување на силите под контрола на Киев од наводно можната руска инвазија.
Хоекстра изјави дека владата сѐ уште смета дека украинската криза може да се реши по дипломатски пат и преговори со Русија, но дека во овој „тензичен момент мора да се поддржат украинските вооружени сили“.
-Украина мора да биде способна да се одбрани на својата територија од можниот руски вооружен напад – рече холандскиот министер.