Холандија и Данска соопштија дека ќе и дадат борбени авиони Ф-16 на Украина откако ќе се исполнат одредени „услови“.
-Денес можеме да објавиме дека Холандија и Данска се обврзуваат на трансфер на авиони Ф-16 на Украина и украинските воздухопловни сили, вклучително и соработка со Соединетите Американски Држави и другите партнери откако ќе се исполнат условите за таков трансфер – рече холандскиот премиер Марк Руте за време на посетата на претседателот на Украина Володимир Зеленски.
Руте рече дека Холандија има на располагање 42 авиони Ф-16, но не наведе дали сите или само дел ќе и бидат дадени на Украина.
Зеленски, пак, кој договорот го нарече „договор за пробив“, рече дека за точниот број на авиони ќе се разговара „малку подоцна“.
Киев со месеци бараше од земјите на НАТО да му дадат напредни американски авиони за да се одбрани од руските напади. Сепак, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се откажа, стравувајќи дека таквите испораки би можеле да ја испровоцираат Москва.
Зеленски пристигна во Холандија на 20 август и се очекува да продолжи во Данска подоцна во текот на денот. Данското Министерство за надворешни работи, исто така, ја потврди својата посветеност за испорака на Ф-16, иако не даде никакви бројки.