Холандија го испорача првиот контингент авиони Ф-16 на Украина

by Fokus

Холандија го испорача првиот контингент од своите борбени авиони Ф-16 на Украина, соопшти денеска холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс.

„За прв пат можам официјално да објавам дека холандските авиони Ф-16 се испорачани во Украина. Ова е итно потребно“, напиша тој на својот X профил, но не кажа точно колку авиони се испратени.

Тој истакна дека преостанатите 24 авиони ќе бидат испорачани во Киев во наредните месеци.

Поврзани новости