Репрезентацијата на Холандија ја совлада Романија со 3-0 (1-0) во осминафиналниот натпревар на Европското првенство во фудбал.
Романија имаше една солидна шанса во првите минути и делуваше дека нема да биде „лесен залак“, но потоа и Холанѓаните заиграа поцврсто на средината и полека започнаа да ја преземаат иницијативата.
Резултатот беше отворен по 20 минути игра кога Гакпо одлично се ослободи од своите чувари и го постигна својот трет гол на првенството.
#EURO2024 #ROMNED #ROUNED
follow : @TH__S5 pic.twitter.com/OhgKluuWHA— Euro with TH (@Live_event48) July 2, 2024
Потоа Холанѓаните скоро комплетно ја наметнаа својата игра и создадоа уште 2-3 изгледни прилики за удвојување на предноста, но сепак на паузата заминаа со минимална предност (1-0).
Избраниците на Роналд Куман продолжија со силното темпо на стартот од вториот дел и веднаш имаа неколку убави прилики за втор гол.
„Лалињата“ се обидоа преку Мемфис Депај, Чави Симонс и Коди Гакпо, кој постигна уште еден гол, но тој беше поништен поради офсајд.
Романија во последните триесетина минути потполно се загуби и беше очајна во дефанзивата, а тоа го искористи Донел Мален, кој го матираше Нита во 83. минута и ја најави победата на Холандија.
#EURO2024 #ROMNED #ROUNED
follow : @TH__S5 pic.twitter.com/KMtg7SaESv— Euro with TH (@Live_event48) July 2, 2024
До крајот на мечот Романците се обидоа барем да дојдат до почесен погодок, но фаворитот изведе уште една контра и Мален со својот втор гол стави точка на убедливиот триумф (3-0).
🚨🚨| GOAL: DONYEL MALEN WITH A GREAT GOALL!!
🇳🇱 Netherlands 3-0 Romania 🇷🇴 pic.twitter.com/B6xY1Eqs6Z
— Joop (@Joopfu) July 2, 2024
Холанѓаните сосема заслужено минуваат во следната фаза од Европското првенство, каде за противник ќе ја имаат подобрата селекција од дуелот помеѓу Австрија и Турција.