Холандија бара негативен тест за Ковид-19 за сите кои пристигнуваат со авион

by Fokus

Сите патници на летовите кон Холандија ќе треба да направат негативен тест за коронавирус не постар од 72 часа од следниот вторник, соопшти холандската Влада.

Мерката е во сила за патниците од Велика Британија и Јужна Африка, а летовите од тие земји беа привремено забранети откако во нив се појави нов вид на коронавирусот.

Владата додаде дека разгледува тоа барање да го примени и за патниците кои доаѓаат во земјата со воз, автобус или брод. Патниците кои доаѓаат во Холандија мора да се изолираат 10 дена, дури и ако имаат негативен тест.

Поврзани новости