Сега е вистинската можност, Македонија и Грција да изнајдат решение за долгогодишниот спор околу името. Државите мора да го почитуваат суверенитетот на другите држави и не треба да се обидуваат да ги сменат границите. Ова го изјави Хојт Ји, заменик-помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања за бугарската телевизија Блумберг.
Тој додаде дека компромис може да се постигне само со силна волја на лидерите на двете земји.
„Македонија и Грција, имаат можност да постигнат договор за прашањето за името. Верувам дека постои политичка волја, како во Атина, така и во Скопје, да се постигне договор и да се реши ова прашање еднаш засекогаш. Ќе биде напорно. Но, ако двете држави продолжат да работат, како што работеа до сега, со посредство на Метју Нимиц, веруваме дека тоа е возможно – истакна Хојт Ји.