Хоџиќ: Тоа што немам партиска книшка не беше проблем да станам заменик директор

by fokus

Владата го назначи Џелал Хоџиќ за заменик-директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците под 20%. Тој на оваа функција доаѓа од граѓанскиот сектор. За „Фокус“ вели дека ја прифатил понудата од Владата со цел да придонесе за подобрување на состојбите.

-Мојот мотив да ја прифатам оваа функција е за да се поправи состојбата со дискриминацијата врз етничките заедници кои се под 20 отсто, вклучително и на мојата бошњачка заедница. Владата ми укажа доверба, ќе се потрудам преку позицијата Заменик-директор на Агенцијата да ја оправдам. Сакам да напоменам дека тоа што немам партиска книшка не претставуваше проблем, вели Хоџиќ.

- Advertisements -

Додава дека неговото искуство стекнато преку работа на проекти покажува дека етничките заедници кои се под 20 отсто, а кои на хартија ги имаат сите права, во пракса сепак не ги уживаат.

К.С.

Поврзани новости