751
Одговорајќи на новинарско прашање зошто потврдата за прележаност не трае повеќе од 45 дена, барем шест месеци како што е пракса во сите други држави, портпаролот Мухамед Хоџа истакна дека сите мерки донесени се со препорака на Комисијата за заразни болести.
„Сите мерки кој ги носи Владата на Република Македонија се по препорака на Комисијата за заразни болести. Овие документи треба да се приложат при излез од нашата држава. Секој граѓанин кој планира да излезе од државата и да патува и во големиот дел на европските држави и светски треба да ги приложи истите документи, сертификат за вакцинација две дози и ПЦР негативен 72 часа“, изјави Хоџа и додаде дека нема да има можност за тестирање на самите граници.