569
Заедно со двајцата заменици поднесуваме оставка поради нарушување на демократијата на овие избори на чело со оваа Влада која за жал продолжи и вчера со недемократското однесување, изјави Аријанит Хоџа министерот за земјоделие.
-Ако во 2016 беше соборен режим, по пет години гледаме дека тие го надградиле режимот. Во Беса работиме на приницип на гордост и достоинство, власта е важна но не по секоја цена, ќе продолжиме со локалната власт во Тетово и Желино, додаде тој.