315
Сите законски рокови за распуштање на Советот на Општина Тетово се почитувани. По донесувањето на вчерашната владина одлука за распуштање на Советот на Општина Тетово, натамошната процедура продолжува во Собранието на Република Македонија, по што ќе бидат распишани вонредни избори за избор на нов Совет.
Ова денеска го изјави на прес-конференција портпаролот на Владата, Муамет Хоџа, одговарајќи на новинарско прашање зошто Владата доцни еден месец, согласно роковите, со распуштање на советот на тетовската локална самоуправа.
-Согласно законските одредби, ќе бидат организирани предвремени избори за Советот на Општина Тетово, соопшти Хоџа.